Градоначалникот на Загреб, Милан Бандиќ почина на 66-годишна возраст, јавија хрватски медиуми.
На Бандиќ му се слошило доцна синоќа и со брза помош бил пренесен во болницата Свети Дух.
Обидите за реаснимација биле без успех.
Веста ја потврди Градот Загреб.
„Во длабока тага, ги информираме нашите сограѓани, соработници, пријатели, загрепската и хрватската јавност дека ненадејно, денес, на 28 февруари, на возраст од 66 години, градоначалникот на Град Загреб, г-дин Милан Бандиќ, почина од срцев удар.
Живееше за својот град, за луѓето од Загреб кои беа на прво место во сè што работеше, за работата што ја работеше со љубов и енергија… Нека почива во мир “, напишаа од Градот.





