Почина легендарниот хрватски тренер Мирослав „Ќиро“ Блажевиќ

Почина легендарниот фудбалски тренер и поранешен селектор на хрватската репрезентација, Мирослав „Ќиро“ Блажевиќ.



За два дена требаше да го прослави својот 88. роденден.

Тој ја предводеше хрватската репрезентација 73 пати и забележа 36 победи, 22 нерешени и 15 порази.

Под негово водство, Хрватска се пласираше на Светското првенство во Франција 1998 година, каде што го освои сензационално третото место.

Првпат му беше дијагностициран рак на простата во 2011 година, но Блажевиќ се избори со порочната болест.

Во септември 2019 година, тешката болест повторно се врати, а за жал овој пат „Чиро“ не излезе како победник...Индекс.хр