Почина легендарната грчка актерка Ирена Папас

На 97-годишна возраст денеска почина грчката актерка Ирена Папас, а смртта ја потврди и портпаролот на грчкото Министерство за култура.



За време на кариерата која траеше повеќе од 50 години, играше во повеќе од 70 улоги на на филм и во театар.

Ирена Папас важеше за симбол на грчката убавина и претставник на медитеранската култура во странство, пренесува грчки Катимерини.

Таа беше најпозната по нејзините улоги во филмовите „Гркот Зорба“, „Z“ и „Топовите на Навароне“ (играше борбен отпор од Втората светска војна), како и во „Одисеја“, „Антигона“, „Електра“, „Сутјеска“ и многу други.