Почина Илија Филиповски, екс министер за економија

Почина Илија Филиповски, поранешен пратеник од редовите на СДСМ и поранешен министер за економија.



Филиповски е роден во 1941 година во Ростуше, а бил директор на увоз-извоз “Охис”. Тој бил потпретседател на Извршен совет на СРМ и бизнисмен.

На чело на министерството за економија бил во времето на Владата на поранешниот премиер Бранко Црвенковски.