Поранешниот италијански министер за надворешни работи Франко Фратини почина на 65-годишна возраст, објави италијанскиот весник „Кориере дела сера“.



Фратини, кој беше претседател на Државниот совет на Италија од јануари оваа година, веќе извесно време бил болен и почина во болница.

Фратини беше министер за надворешни работи на Италија во владата на Силвио Берлускони од 2002 до 2004 и од 2008 до 2011 година.

Од 2004 до 2008 година, беше европски комесар и потпретседател на Европската комисија.

Во 2018 година беше назначен за специјален претставник на Италија во ОБСЕ за прориската област Придњестровје во Молдавија.