Во својата 85 година од животот во Скопје почина професорот Мијалча Спасовски доајен на македонското железничко инженерство.
Роден е во село Одрено, Крива Паланка на 1. Ⅹ 1935.
Кариерата ја започнал како инжинер во Македонски железници каде работел до 1975 година по што заминува во високото образование каде се пензионирал во 2001 како професор на Градежниот факултет во Скопје каде предавал повеќе предметите од областа на железниците.
Како професор ја продолжува соработката со Македонските железници, во чии проекти учествувал како консултант. Усовршил метод за санација на дрвени прагови, а во 1994 година патентирал и нов вид железнички праг успешно применуван од МЖ.
Професор Спасовски бил значаен дел од тимот кој ја проектирал и изградил новата железничка станица во Скопје.





