Бојот на агинати во вчерашната несреќа на Жичарница во Италија се зголеми на 14, откако почина дете од деветгодишна возраст кој беше меѓу повредените откако кабина се откачи и падна од висина од дваесетина метри во стрмен планински предел.
Уште едно дете на возраст од пет години се бори за живот во болницата во Торино.
Кабината на жичарницата што го поврзува езерото Маџоре со блиската планина паднала а во подножјето на голема шума и е целосно уништена..
Локалните извештаи сугерираат дека кабелот што ја движел кабината најверојатно откажал на околу 300 метри од врвот на планината.
Спасувачките екипи при обидот за интервенција се соочиле со тежок и стрмен предел, но успеале да ги извлечат двете деца, од кои подоцна едното почина.






