Британскиот актер Дејвид Прус, познат по улогата на Дарт Вејдер во трилогијата „Војна на ѕвездите“ на американскиот режисер Џорџ Лукас, почина на 85-годишна возраст.
Дејвид Чарлс Прус беше англиски боди-билдер, кревач на тегови, но исто така филмски и телевизиски актер.
Најпознат беше ширум светот по улогата на негативецот Дарт Вејдер во оригиналната трилогија „Војна на вездите“, објави Би-Би-Си.






