Популарниот шпански комичар Хуан Хоја Борха, познат по прекарот Ел Риситас (Смешката) поради неговиот заразлив начин на смеење, почина во 65-тата година од животот во болница во Севиља.



Тој бил хоспитализиран уште од септември, а поради влошување на здравјето морала да му биде ампутирана и едната нога. Во средата состојбата нагло му се влошила по што бил пренесен од „Ла Каридад“ болницата во Универзитетската клиника „Вирхен дел Росио“, каде и починал.

Него цел свет го знаеше благодарение на разните мемиња и клипови кои беа преправани со разни досетливи преводи, а поради неговиот начин на смеење.