Германскиот политичар Волфганг Шојбле почина денеска на 81-годишна возраст, објави Блумберг.
Како шеф на Министерството за внатрешни работи на Сојузна Република Германија, Волфганг Шојбле го потпиша договорот за обединување на Сојузна Република Германија и Германската Демократска Република (Источна Германија – н.з.) во 1990 година.
Истата година бил застрелан при обид за атентат, по што останал парализиран и се движел во инвалидска количка.
Волфганг Шојбле е роден на 18 септември 1942 година. За првпат влезе во Бундестагот во 1972 година.
Во 2017-2021 година беше негов претседател, а во 1998-2000 година беше лидер на Христијанско-демократската унија.
Бил и министер за внатрешни работи (1989-1991, 2005-2009) и министер за финансии (1998-2000).




