Почина Борисав Јовиќ, претседател на СФРЈ пред распадот

Некогашниот претседател на Претседателството на СФР Југославија, Борисав Јовиќ, почина денеска во 93. година од животот.



По една година вршење на функцијата потпретседател на колективното тело што раководеше со поранешната федерација, нејзиниот член од Србија стана и претседател пред распадот на земјата, вршејќи ја таа должност од 15 мај 1990 година до 15 мај 1991 година.

Вечерта на 15 март 1991 година поднесе оставка откако Претседателството на својата седница од 12 до 15 март, како Врховна команда на Оружените сили на СФРЈ, не го одобри предлогот на Штабот на Командата за воведување вонредна состојба во земјата. Народното собрание на Србија не ја прифати неговата оставка.

Бил амбасадор на СФРЈ во Италија од 1975 до 1979 година, потпретседател, а потоа и претседател на Собранието на Србија (1988-1989).