Британскиот актерот Сер Роџер Мур, познат по неговите улоги во филмовите за Џемс Бонд, почина на 89 годишна возраст.



Неговото семејство, на Твитер соопшти дека починал по „куса, но храбра битка со ракот”, во Швајцарија, а по негова желба ќе биде погребан во Монако, во кругот на семејството.

Роџер Мур, се прослави во уллогата во серијалот “Светец“ во 60-те години на минатиот век, а подоцна се прослави како еден од актерите кои го играа филмскиот Џемс Бонд од делата на Јан Флеминг.

Тој играше во филмовите Live and Let Die (1973), The Man with the Golden Gun (1974),The Spy Who Loved Me (1977),Moonraker (1979), For Your Eyes Only (1981), Octopussy (1983), A View to a Kill (1985).