На 77-годишна возраст денеска почина актерот Мето Јовановски. Жалната вест на социјалните мрежи ја пренесе неговиот помлад колега Драган Спасов-Дац.



Пријатели и колеги се простуваат од големата легенда на социјалните мрежи.

„Мето Јовановски се пресели во легендите. Нека му е вечна слава“, напиша Дац на Фејсбук.

Роден беше 1946 год во с.Панчарево пехчевско, Јовановски актерската кариера ја започнал на сцената на Народниот театар во Штип, каде настапувал уште пред да се запише на студиите.

За многу кратко време, Мето Јовановски се истакна како еден од водечките драмски уметници во Македонија.

„Тетовирање“, „Опстанок“, „Среќна Нова 49-та“, „Трето полувреме“, „Најдолгиот пат“, „Опстанок“… се само дел од филмските проекти во кои Мето Јовановски играше главна улога.