Пациент од Дебар на 79.годишна возраст почина денеска на Клиниката на инфективни болести, соопшти Министерството за здравство.
Пациентот бил дијагностициран со коронавирус на 23 март, а на 25 март бил примен на Клиниката со влошена здравствена состојба.
Со ова бројот на починати од епидемијата на Ковид-19 во земјава е седум.
Од Министерствто соопштија и дека во последните 24 часа се реистрирани нови 26 заразени со коронавирус.





