Почина 19-годишен ракометар на РК „Аеродром“

Почина Андреј Петрески, ракометар на новиот суперлигаш РК Аеродром, јавува ТВ21



19-годишниот ракометар со прекар „штурче“, играч кој целата кариера ја мина во овој клуб, во новата сезона требаше да се натпреварува во елитното македонско ракометно друштво.

Тој починал во својот дом, а членовите на семејството, како и сите членови на РК Аеродром се во шок од овој трагичен настан.

Попладнево од 12:30 во капелата на гробиштата во Бутел ќе биде последниот поздрав со Андреј Петрески.

Погребот ќе биде на гробиштата „Камник“.