Барајќи оставка од лидерот на опозицијата поради непотизам односно затоа што бил вработен на факултетот каде што професор бил татко му, премиерот Заев индиректно побара оставка и од својот министер за здравство.
Ако барањето на Заев се аплицира на сите политичари тоа значи дека премиерот бара оставка и од министерот за здравство.
Практично Заев покрај од Мицкоски од Венко Филипче побара да даде оставка бидејки дипломирал и се вработил на медицинскиот факултет во Скопје каде што бил професор и неговиот татко кој своевремено беше и министер за здравство во владата на Бранко Црвенковски.




