Ова го вели Фатмир Лимани, потранешен сопартиец на лидерот на ДУИ Али Ахмети, а сега потпретседател на „Беса“ во изјава за „Фокус“.
„Јас ги познавам, фамилија сме, кои биле, колку имале, со што се занимавале пред 2001 година и после. Биле сточари и земјоделци и секогаш на работ на егзистенција, целата фамилија Ахмети, вели Лимани.
Според неговите кажувања богатството го стекнале после војната на сомнителен начин и според него сите институции да се ангажираат нема да можат да го најдат крајот на нивниот криминал.
Во продолжение, Лимани порачува дека треба да се контролира во детали имотот на синот на Ахмети, Шкумбин, ќерката, Ускана, на внукот Дрин Ахмети, на братот Фекри Ахмети и самиот Али Ахмети. Потоа партискиот објект во Скопје, во Чаир, објектот на партијата во Тетово, кој според Лимани се лично на Ахмети, а се водат на име на партијата…







