По Зорица Заева, и Димитров под опсервација за стајлингот

Сопругата на премиерот Зоран Заев, Зорица, не е единствената под опсервација на македонската јавност за стајлингот на заедничката фотографија со сопругот и со Доналд и Меланија Трамп, откако сличен третман на социјалните мрежи доби и Никола Димитров.



Модните детали што им привлекоа внимание на сеирџиите се бојата на панталоните и на чорапите на министерот за надворешни работи на една од фотографиите од средбите во германскиот Бундестаг.