Природните катастрофи продолжуваат во Индонезија откако денеска еруптираше вулканот Маунт Сопутан на островот Сулавеси, само неколку дена по катастрофалното цунами, предизвикано од силен земјотрес, кое одзеде над 1.200 животи.



По неколкумесечна зголемена сеизмичка активност, вулканот Сопутан во средата се „разбуди“исфрлајќи пепел во височина од 4.000 метри … а властите издадоа трето ниво на тревога.

На луѓето кои живеат во радиус од 6,5 км околу вулканот им се советува да внимаваат од потенцијално излевање на лава и да носат маски за лице поради облаците вулканска прашина.