По заплашувањата од „Мериот“, Златев ги објави напаѓачите, следни полицајци заштитници

Новинарот Љупчо Златев објави фотографија од обезбедувачите на синот на екс директорот на УБК Сашо Мијалков.



На фотографијата која е објавена по заплашувања кои доаѓале од хотелот што го поседува Сашо Мијалков се наоѓа напаѓачот кој вчера физички го нападнал а е дел од обезбедувањето на Јордан Мијалков, синот на Сашо.

Златев открива дека во вчерашниот инцидент напаѓачите извадиле огнено оружје што е забележано на камерите на ресторанот Трибека каде што се случи инцидентот.

“Поради активност и заплашувања од хотел Мериот, морам да ја објавам сликата од обезбедувачите на Јордан Мијалков.

Еве ги, еден ме напаѓа и ме турка надвор, другите чекаат пред влез да ме тепаат.

На крај, муабет и вадење пиштоли пред гостите кои ме бранат.

Снимени на камера, МВР, мора да реагира!!!”, пишува Златев кој најавува дека ќе ги објави сите работи кои биле предизвикани од напаѓачите.

“Автокоманда, доаѓам 🙂 со сите детали, за се што сте правеле!
П. С. Изјави добиени под закана, нема да ве спасат!”, пишува Златев.

Предходно тој најави дека освен групата напаѓачи кои се обезбедување на Јордан Мијалков ќе ги објави и полицајците кои ја штитат групата од Автокоманда.

“Денес одам во полиција да однесам слика од напаѓачот. Утре сликата ќе ја објавам, а понатаму, ќе ја објавам цела група од Автокоманда која го чува Јордан Мијалков и го тероризира градот.
Со слики и листа на злодела. Сакате војна? Ќе ја добиете! Мојата чест вреди, јас не сум најден на улица.
Следно, ќе ги објавувам и џандарите кои ве штитат.
Еднаш мора да се стави крај на подземјето контролирано од екс директорот на УБК.
П.С. Пишувањата на Саше Политико и Јоци се доказ за коалицијата Мијалков – Заев!”, напиша Златев на Фејсбук.