По заканата од пратеникот Реџепи ЕУ даде кандидатски статус на Слупчане, Зајас и Арачиново (ПОЛИТИЧКА САТИРА)

Прогнозите на пратеникот Скендер Реџепи – Зејд, кој вчера од собраниската говорница изјави дека албанските општини може сами да си го бараат патот кон ЕУ доколку македонски општини продолжат да ги држат во место, по сѐ изгледа ќе станат реалност откако Европската Комисија ги прифати нивните барања и официјално ѝ предложи на Унијата, општините Слупчане, Зајас и Арачиново, први да добијат кандидатски статус.



Ова стои во сатиричниот пост на порталот Кооперација.мк од каде се шегуваат со изјавата на Реџепи.

– Градоначалниците на овие општини испратија специјални барања до ЕУ, во кои ни објаснија на кој начин Вашата Земја го кочи нивниот развој и пат кон ЕУ, па поради тоа решивме да им доделиме статус на општина-кандидат надвор од процедурата. Добивме и гаранции дека во најскоро можно време ќе ги внесат и Бугарите во општинскиот Устав, со што тие ќе ги исполнат сите услови за влез, па сѐ друго ќе биде само формалност. – се вели во официјалното соопштение од ЕУ, пишува Иљче Затаракоски во сатирата за Кооперација.

Повеќе на Кооперација.