По Заев, и Златев ја повлече оставката

Откако вечерва премиерот Заев ја повлече оставката од позициите во владата и во СДСМ започнаа шегите на сметка на интегритетот и кредибилитетот на првиот човек во владата кој јавно даде оставка а вечерва ја одложи.



“Моите фанови и обожаватели одлучија да ја повлечам оставката на неопределено време”, пишува со сарказам новинарот и уредник на Радио Лидер Љупчо Златев.

Тој по оставката дадена од Заев по катастрофалниот пораз на локалните избори на шега напиша дека и тој си дава оставка од позицијата гостин на емисијата “Заспиј ако можеш” на Алфа.

“Почитувани пријатели, фанови и обожаватели.
Злото победи, прогресивното граѓанство не се мобилизираше и нашиот Зоки си даде оставка.
Ова значи дека мојата мисија заврши. Народот одлучи веќе да не ме гледа.
Поднесувам оставка од функцијата редовен гостин во Заспиј ако можеш на телевизија Алфа.
Им пожелувам повеќе среќа, гледаност, повисоки хонорари и успеси на наследниците”, напиша Златев на шега на први Ноември.

Откако Заев вечерва уште еднаш не го испочитува својот збор и реши да го прекрши своето верување и Златев ја “повлече оставката”.

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=4920108454689245&id=100000704185638