Барањето на бизнисменот Сеад Кочан поради здравствени причини да му биде одложено издржувањето на затворската казна од четири години и осум месеци за предметот „Труст“ на СЈО, е по втор пат одбиено од Основниот кривичен суд – Скопје.
Решението веќе е доставено до странките во постапката кои имаат право на жалба до Кривичниот совет, а по правосилноста на решението Кочан е долежн веднаш да се јави на издржување на затворската казна.
Сеад Кочан беше осуден за манипулации околу добивање тендер од ЕЛЕМ од 17 милиони евра.
Тој е единствениот од предметот „Труст“ кој првично требаше да одлежи 6 години затвор.





