Орце Камчев, петтообвинет во случајот „Плацеви на Водно“, по вторпат поднел гаранција во вредност од 1,7 милиони евра во недвижнини и околу 200.000 евра во готовина за да се брани од домашен притвор, но обвинителката Лиле Стефанова веднаш дала негативно мислење, соопши неговиот адвокат Еленко Миланов
„Јордан Камчев е петтоосомничен, а единствен што се наоѓа во притвор. За лошата и ризична состојба зборува и медицинско вештачење, а поднесена е и гаранција во недвижен сопствен имот од 1,7 милиони евра недвижен имот и 200.000 евра готовински. Сметам дека гаранцијата треба да биде прифатена, бидејќи сумата ја надминува целата финансиска штета од 1,3 милиони евра за која Обвинителството го гони мојот клиент“, рече Миланов.
Миланов вели дека не може целиот предмет „Плацеви на Водно“ да се темели на изјава на поранешниот премиер Никола Груевски дадена за сосема друга истрага и побара запирање на целиот процес се додека не се земе изјава од Груевски.






