Директорот на затворот во Шутка, Филип Андов ја потврди веста дека спственикот на порталот „Доказ“, Марјан Стаменковски, денеска од притвор повторно е пренесен во болница.
„Денеска, околу 11 часот, Стаменковски пак се пожалил на болки, иако прима терапија по вчерашниот ден. Брзата помош одлучи дека повторно треба да се транспортира, по што е префрлен во Градската болница ‘8 Септември’“, изјави Андов за 360 степени.
Ноќта во петок кон сабота тој беше транспортиран на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, откако претходно се пожалил на тегоби, а Брзата помош и тогаш проценила дека треба да оди во болница.
На негово барање, тој вчера беше вратен во притвор…
На почетокот на февруари Марјан Стаменковски “Доказ“, доби најпрво осумдневен притвор доби откако скопското јавно обвинителство претходно го осомничи за неколку дела.
Против осомничениот во Основното јавно обвинителство Скопје се води постапка, бидејќи постои основано сомнение дека преку веб портал во негова сопственост, како средство за извршување, сторил повеќе кривични дела: две кривични дела – Ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем од чл.394-г. ст.1 од КЗ, едно кривично дело – Уцена од чл.259 ст.1 в.в.чл.19 од КЗ, едно кривично дело – Пиратерија на аудиовизуелно дело од чл.157-б ст.2 вв ст.1 од КЗ и кривично дело – Злоупотреба на лични податоци од чл.149 ст.1 од КЗ, информираа од Обвинителството.






