Етничката застапеност во однос на министрите во сегашната Влада, која дополнително ќе оди во прилог на Албанците со приклучувањето на Алтернатива, ја поттикна професорката Мирјана Најчевска да побара примена на Рамковниот договор и за Македонците.
Мислам дека е време Охридскиот рамковен договор да се примени и во однос на македонското мнозинство во Македонија. Во актуелниот состав на Владата од 20 членови 12 се Македонци (што е помалку од процентот на население). Со промените кои се навестуваат соодносот ќе биде 11 – 9.