Премиерот Зоран Заев и вицепремиерот Кочо Анѓушев, кои со своите семејства го поминаа викендот во Грција, денеска се враќаат во земјава, дознава „Фокус“ повикувајќи се на извор од владата.
Според радиото „Тесалоники“, Заев и Анѓушев со семејствата преноќиле во еден од камповите на првиот крак на полуостровот, Касандра, а вчера грчките медиуми „го уловија“ македонскиот премиер како плива во водите на Егејското море.




