ВМРО-ДПМНЕ денеска побара оставки од министерката за правда Рената Дескоска и од директорот на КПУ „Идризово“ откако вчера на социјалните мрежи беше споделено видео на кое се гледа како затвореници „митингуваат“ со знаме и парола на СДСМ.



„СДСМ го претвори затворот во месна организација во која се одржуваат состаноци, се прават митинзи и се веат партиски знамиња на партијата.

Затворениците се повикуваат на Заев, Шекеринска и други партиски функционери и вршат притисок врз лицата на издржување на казна во затворот да гласаат за СДСМ, што е невиден скандал“, велат од ВМРО-ДПМНЕ и повикуваат сите надлежни институции соодветно да реагираат, да биде нотиран предвремен почеток на кампања на СДСМ во институција на државата и истиов настан да биде санкциониран.

Од владејачката партија вчера се оградија и отфрлија секаква поврзаност со настанот.