По ветото од Софија: Кој, каде и зошто запали бугарско знаме? (ФОТО+ВИДЕО)

На социјалните мрежи денеска е објавено видео на кое се гледа момче чие лице е покриено со капуљача а кое го пали знамето на Република Бугарија.



На пораката на видеото пишува: “Одговор на заедничка историја”.

Луѓето што го објавиле видеото очигледно сакаат да се помисли дека е објавено од страна на членови на ВМРО-ДПМНЕ.

Од краткиот материјал не може да се заклучи каде е снимено видеото на кое во кадарот се гледаат домашни пијалоци.

Видеото е објавено на фејсбук профил на кој пишува дека е на Унија на млади сили на ВМРО од Гази Баба но во него има неколку нелогичности кои наведуваат и на други причини и цели за објавување на видеото.

На профилот пишува ВМРО YMС што е невообичаено за партиските профили на партијата на социјалните мрежи каде секогаш стои целото име на партијата ВМРО-ДПМНЕ а кратенката за Унијата на млади сили се пишува УМС наместо YMC како што објавувачот на видеото по грешка напишал.

Понатаму на видеото се гледа и пропаганден изборен материјал на ВМРО-ДПМНЕ кој што е стар десетина години и што укажува дека луѓето што го палат бугарското знаме не се дел од структурите на партијата затоа што ако биле имаат пристап до партиски изборни материјали од последните изборни циклуси.

Според тоа што се гледа на видеото може да се помисли дека некој на аматерски начин сакал да се обвини опозицијата дека дотура масло на огнот кој што го запали Бугарија со ветото за ЕУ.

Има повеќе фактори кои би профитирале доколку ВМРО-ДПМНЕ биде обвинето за палење на бугарско државно знаме.

Видеото кое го споделуваат и бугарски профили на Фејсбук може да се види на следниот линк.

https://www.facebook.com/UMSVMROGAZIBABA/videos/1090940031362337/