По велигденската „бела ноќ“ се враќа полицискиот од 21 часот

Од вечер повторно се враќа во сила ограничувањето на движењето од 21 час до 05 часот.



Согласно одлуката на Владата од 27 април, со цел справување со пандемијата на Ковид-19 на територијата на државата беше воведена забрана за движење од 21 до 5 часот следниот ден, со исклучок за време на верските празници Велигден и Рамазан Бајрам, односно од 1 кон 2 мај и од 12 кон 13 мај.