По Велигден месото станува луксуз!?

Месото и сувомеснатите преработки по велигденските празници може да поскапат до 40 отсто, се заканија од месната индустрија доколку Владата не дозволи зголемен увоз на замрзнато месо.



Тие бараат да се врати мерката за укинати царински давачки за увоз на замрзнато свинско месо наменето за преработка.

„Не е носење на нова одлука туку барање за продолжување на веќе донесена одлука, со тоа што бараме да се доодобрат скратените количини од првата мерка. Значи барањето не ни е ново, туку барање за веќе донесена одлука за скратени количини“, рече Гоце Трајчев Групација на месна индустрија

Од месната индустрија велат дека зголемување на цените е глобален тренд…