Цела страница оглас во денешниот „Билд“, платил унгарскиот премиер виктор Оран каде ги презентирал своите предлози како да се зајакне Европската унија.
Во последната точка од предлозите на Орбан е Србија, за која унгарскиот премиер вели дека мора да стане дел од ЕУ.
Претходно, огласот кој содржи седум точки Орбан го објави во хрватски „Вечерњи лист“
- Во Брисел градат таква супердржава за која никој не дал овластување. Ние велиме „не“ на европската империја.
- Интеграцијата е средство, а не цел само по себе. Од темелните договори на ЕУ треба да се избрише целта за „потесна унија меѓу народите во Европа“
- Одлуките треба да ги носат избрани лидери, а не меѓународни невладини организации! Ние велиме „не“ за аутсорсинг на владеењето на правото.
- Силата на европската интеграција е обезбедена со заеднички економски успеси. Ако не можеме да бидеме поуспешни заедно отколку индивидуално, тогаш тоа е крајот на Европската унија.
- Следната деценија ќе биде период на опасни предизвици: ни се закануваат масовни миграции и пандемии. Ние мора да ги заштитиме луѓето во Европа.
- Ние мора да ја вратиме европската демократија. Европскиот парламент се покажа како ќорсокак: тој ги претставува само неговите сопствени идеолошки и институционални интереси. Улогата на националните парламенти треба да се зголеми.
- „Србија мора да биде примена во Европската унија како членка!“, порачува во последната точка унгарскиот премиер.







