По жестоките критики од страна на американската амбасадорка Ангела Агелер за корупцијата меѓу актуелни фактори во вашата по функционерите на ДУИ и СДСМ удри и британскиот амбасадор во Скопје Метју Лосон.
Лосон нема дилема дека корупцијата се влошува со што директно укажува дека за тоа се одговорни луѓето во власта од СДСМ и ДУИ.
,,Неодамнешните вознемирувачки извештаи сугерираат дека корупцијата во Македонија се влошува, а не се подобрува. Корупцијата го поткопува владеењето на правото, создава недоверба во судството и ги ослабува јавните институции. Велика Британија стои со Македонија. Апсолутно клучно за да се справиме со ова”, порачува Лосон на Денот за борба против корупцијата #IACD2022.





