По утринската магла, сончево попладне

Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, денеска претпладневната магла и ниската облачност по одделни котлини..



Во текот на ноќта облачноста повторно ќе се зголеми. Ќе дува слаб променлив ветер. Утринската температура ќе се движи од 1 до 10 степени, а дневната во интервал од 13 до 20 степени.

Во Скопје сончево време со мала до умеренa облачност. Утринската температура ќе биде до 6 степени, а дневната до 17 степени.

И следните денови претпладне се очекува магла или ниска облачност по одделни котлини. Во текот на денот не очекува сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.