По нападот на уредникот на Телма, Боби Христов, кој побара казна за Тони Стојановски за коментарот во финалето на мечот со Грузија и уредник на „Независен.мк“ со критики за колегата од МТВ.
„Пропагандистичките политички пораки на коментаторот на МТВ на крајот на мечот го преминаа прагот на спортот и без потреба го вметнаа големиот успех на фудбалерите во сферата на злоупотреба“, пишува долгогодишниот политички коментатор Љупчо Поповски.
Критикувајќи го колегата, Поповски анализира дека Македонија не би можела да замине на Европско првенство во фудбал ако се натпреварувала во регуларен циклус.
„Едниот од коментаторите, кој уште во најавата пред фудбалерите да излезат на теренот мечот го претстави како да е Битката кај Термопилите, без причина влезе во политиката, врзувајќи ја спортската игра (како што фудбалот го оквалификува Панчев) со некаква надмоќност на македонската нација врз некои други. Иако да не беше системот на натпреварување преку кој УЕФА со Лигата на нации обезбеди едно место на првенството на фудбалските земји кои се на дното по силина на континентот, ние веројатно ќе поминевме уште многу циклуси додека се избориме за настап на врвно екипно натпреварување. Ако воопшто дојде до тоа преку регуларен систем на квалификации“, пишува коментаторот на независен.мк.
Кој е Тони Стојановски





