По Украина, и Грузија бара членство во Европската унија

Откако Украина вчера и официјално ѝ се обрати на Европската унија со барање да стане членка, утре тоа ќе го стори и Грузија, потврди претседателот на Парламентот во Тбилиси, Шалва Папуашвили.



И Грузија, како сега Украина, беше во војна со Русија во 2008 година, кога се обиде да си ја врати контролата врз Јужна Осетија и Абхазија, што беше спречено со руска воена интервенција.

Грузија, која има 3,7 милиони жители, исто така излегува на Црно Море како Украина.