Странските и македонските граѓани од денеска за влез во државата ќе треба да имаат сертификат за имунизација, негативен ПЦР тест или доказ дека неодамна прележале ковид-19.
Македонците и странските државјани ќе можат да влезат во земјава доколку поднесат потврда за вакцинација или потврда за прележан ковид-19 45 дена од денот на заздравувањето или негативен ПЦР тест не постар од 72 часа, одлучи владата.
Македонските граѓани кои се враќаат во земјата по 1 септември и немаат ниту еден од овие три документи, ќе бидат ставени седум дена во домашна изолација.
Странските државјани кои транзитираат низ Македонија ќе можат да поминат во рок од пет часа.







