Алексеј Наванин не сака да остане во Германија и планира да живее во Русија, за да ги продолжи своите активности, пишува „Њујорк тајмс“.
„Не планира да емигрира во Германија. Сака да се врати дома во Русија и да ја продолжи својата мисија“, го цитира РИА Новости изворот како содржина на разговорот на Навални со претставник на германското обвинителство. За време на разговорот, Навални одбил да учествува во заедничка истрага околу тоа што што му се случило, рече изворот.
Навални беше хоспитализиран во Омск на 20 август откако се разболе во авион за Москва од Томск. Подоцна беше пренесен во Берлин и однесен на Клиниката во Шарие, Германија. Истражувањето спроведено таму покажало дека опозицискиот политичар е најверојатно отруен со супстанца што може да биде „новичок“.
Информациите за можно труење на Навални, кој е критичар на претседателот Владимир Путин, ги затегнаа билатералните односи меѓу Германија и Русија.






