Никос Коѕијас, неделава го заврши циклусот брифинзи со грчките политичките лидери на кои ги запозна со текот на разговорите во Виена откако најави дека дека на следниот состанок со македонскиот колега Димитров ќе бил направен голем исчекор.
На 12 април, според пишувањето на медиумите во Атина, се очекува нова, трета средба, овој пат во Охрид иако за тоа нема потврда од македонска страна, а министерот Никола Димитров, иако најави, не одржа поединечни средби со политичките лидери, освен онаа во понеделникот со лидерот на СДСМ , по која Зоран Заев, изјави дека е поголем оптимист дека ќе се постигне договор за името.
Во Атина, неговиот грчки колега, Алексис Ципрас , сериозно се подготвува да протурка договор во парламентот со поддршка од 180 (од 300) пратеници за да обезбеди што повисок „консензус“ за националното прашања, особено поради проблематичниот помал коалиционен партнер „Независни Грци“ на Панос Каменос кој се противи на терминот Македонија во името на северниот сосед, но и опозициската Неа демократија, која нема да го подржи предлогот на владата и ќе се обиде да одигра улога на „поголем Папа“ од премиерот во заштита на најважното национално прашање за Грција.
По тешките брифинзи за името и во пресрет на најавената средба за името, грчките политичари Велигденските празници ги минуваат опуштено на островите.
Премиерот Алексис Ципрас, ќе отпатува за островот Тилос за своите Велигденски празници со своето семејство. Лидерот на Неа демократија Киријакос Мицотакис ќе биде на Тинос, на Кикладите, министерот за национална одбрана, Панос Каменос, ја поминува светата недела на островите во источниот Егеј, а водачот на Потами, Ставрос Теодоракис, ќе биде во својот роден град Драпанија, на Крит.
Лидерката на „Движењето за промени“, Фофи Генимата ќе го слави Христовото воскреснување во Арголид, водачот на Унијата на центристи, Василис Левендис ќе го помине Велигден во Ламија и Катерини.
Претседателот на парламентот, Никос Вуцис, ќе биде во Атина за време на празниците, а грчкиот претседател Прокопиј Павлопулос, како што беше најавено претходно, ќе присуствува на црковните служби во петокот и саботата во Каламата, јужна Грција.





