По тепањето на ученик од наставник полицијата ги повикала на распит

Министерството за внатрешни работи соопшти дека постапува по случајот со насилство врз ученик објавено преку видео на социјалните мрежи.



Директорка во основно училиште во скопската населба Бутел, денеска околу 15.45 часот во Полициската станица Чаир поднесе писмено известување во врска со видеото од социјалната мрежа „Тик-Ток”, велат од МВР.

Од таму додаваат дека МВР презема мерки за негово расчистување, а уште во текот на денешниот ден на разговор се повикани лицата инволвирани во случајот. За истиот случај е известен и Јавен обвинител.