По судирот со ЕПП Орбан на средба со Трамп во Белата Куќа (ВИДЕО)

Нецели два месеци откако Европската Народна партија (ЕПП) која е најголемата група во Европскиот парламент практично ја суспендираше од своите редови партијата на унгарскиот премиер Виктор Орбан тој е во официјална пријателска посета на Белата Куќа во Вашингтон.



“Тој е почитуван низ Европа, прави добри работи и ја чува безбедна својата земја”, изјави американскиот претседател Доналд Трамп пред средбата во Овалната соба со Орбан.

“Тој е како мене малку контроверзен но тоа е добро”, изјави Трамп за Орбан со кого рече дека се познаваат и дека ќе разговараат за НАТО, за трговија и други важни прашања.

За официјалната посета на унгарскиот премиер повеќе во видеото објавено од Белата Куќа