„Ги знам сите детали и драго ми е што можам да потврдам дека има позитивен исчекор во разговорите. Тоа, секако, е само исчекор. Условеноста во разговорите значи дека имало договор и за оние прашања кои сега се исчекор кога комплетно би се договорило се“, изјавил премиерот Зоран Заев по денешната средба со шефот на македонската дипломатија Никола Димитров на кој бил информиран за седумчасовната средба на македонскиот и грчкиот министер, Коѕијас со Метју Нимиц во Виена.
„Ако некој ме праша дали сум повеќе или помалку оптимист и позитивен, јас сум повеќе позитивен и поголем оптимист после оваа средба што Димитров ја имаше со Коѕијас во Виена под раководство на посредникот Метју Нимиц“, изјави премиерот Заев., пренесе Нова ТВ.
Премиерот најавил и лидерска средба за името која би можела да се одржи по Велигден.






