По Србија, Македонија има најмногу златни резерви во регионот

Податоците на Светскиот одбор за злато велат дека лидер во регионот со дури 38,5 тони злато е соседна Србија.



По неа следува и Македонија со 6,8 тони златни резерви.

Следуваат Словенија са 3,7 тони, Албанија со нешто повеќе од три тона, БиХ со 2,7 и Хрватска со два тона, пренесуваат медиуми.

Црна Гора иако по осамостојувањето не купила ниту грам од овој племенит метал,се проценува дека резервите им се 1,2 тони.

Најмногу резерви на злато во светот имаат САД од 8.133 тони. Втора на листата е Германија со 3.355 тони, а на третата и четвртата позиција се Италија и Франција со помалку од 2.500 тона. реклама

Петта е Русија со 2.298 тони, а шеста Кина со 2.010 тони.

Некои богати земји како што се Канада и Норвешка воопшто немаат злато во своите девизни резерви.