Со однесувањето на вицепремиерот Хајнц Кристијан Штрахе загубена е довербата во институциите и извалкан е угледот на Австрија, поради што предвремени избори се неизбежни, изјави синоќа во остгриот говор австрискиот претседател Александер ван дер Белен.
Вицепремиерот Хајнц Кристијан Штрахе, лидерот на Слободарската партија (ФПО), поднесе оставка по објавувањето на видео снимка на која се гледа како на наводна внука на руски милијардер ѝ ветува државни зделки за финансиска поддршка на неговата партија.
„Тоа се срамни снимки, а никој во Австрија не смее да се срами. Не сме такви, Австрија не е таква. Она што покажуваат тие снимки е дрско непочитување на граѓаните. Функционери на Републиката ја злоупотребиле довербата на граѓаните, а тоа не го толерирам“ изјави шефот На австрискаѕта држава.
По скандалот, австрискиот премиер Себастијан Курц соопшти дека на претседателот на Австрија ќе му предложи да распише предвремени избори во најбрз рок.





