По скандалот со „копањето“ на криптовалути, во АД ГТЦ влегоа ревизорите на ДЗР

Во тек е ревизија на работењето на акционерското друштво ГТЦ, потврдиле од Државниот завод за ревизија за МКД.мк. Од Регулаторната комисија за енергетика велат дека АД ГТЦ нема лиценца за дистрибуирање на електрична и топлинска енергија. На сите овие аномалии во работењето на АД ГТЦ со години укажуваат сопствениците на дуќани во ГТЦ, а прашањата се отворија со скандалот во кој властите докрај не ја завршија работата со сомневањата за наводната кражба на струја во магацинскиот дел од трговскиот центар за „копање“ на криптовалути во организација на Габриел Бајрам, советник во Град Скопје на СДСМ пишува МКД.мк.



Од Државниот завод за ревизија велат дека во тек е ревизијата на работењето на АД ГТЦ и не сакаат да дадат никакви детали во врска со тоа.

Од Регулаторна комисија за енергетика за МКД.мк велат дека АД Градски трговски центар досега никогаш не поднело барање за добивање лиценца за тргување со електрична енергија.

„АД ГТЦ е потрошувач на електрична енергија приклучен на електродистрибутивната мрежа којашто ја управува операторот на електродистрибутивниот систем, Електродистрибуција ДООЕЛ Скопје. Согласно член 93 став (3) точка 11) од Законот за енергетика* (“Службен весник на Република Македонија” бр. 96/18 и “Службен весник на Република Северна Македонија” бр.96/19) операторот на електродистрибутивниот систем, во согласност со овој закон и прописите и правилата донесени врз основа на овој закон, е должен да ја мери електричната енергија преземена од производителите и од електропреносниот систем и енергијата испорачана до потрошувачите приклучени на електродистрибутивниот систем со кој управува, како и да доставува податоци од мерењата до производителите, снабдувачите или трговците, операторот на електропреносниот систем, операторот на пазарот на електрична енергија и во согласност со овој закон и прописите донесени врз основа на овој закон до секоја друга страна што може да ги побара.

Линк до целиот текст.