Директор на Канал 5 ТВ Иван Мирчевски им се обраќа на Владата и одговорните лица во обвинителско-судската фела во Македонија со барање тој и неговите колеги да бидат заштитени од лица кои имаат портали а кои се блиски на СДСМ.
,,Господо, се чуствувам небезбедно во мојата земја Македонија поради вашата (не)способност!”, пишува Иван Мирчевски до
премиерот Ковачевски и останати министри.
,,Сите вие во последниве 4 дена сте информирани за вербалното насилство и уличарство полно со ксенофобија, латентни закани, клевети и навреди кон мене како директор на Канал 5 ТВ но и кон други мои колеги и кон самата компанија Канал 5 ТВ во последниве 4-5 години.
Овие самонаречени „луѓе“ ја почестија со фелацио највозрасната новинарка во Канал 5,а сите нас другите со следниве „епитети“: куртони, куртонки, идиоти, црви, рекетари, сатрапи, дно дна…треба ли уште да ви набројувам? А вие Премиер знаете за што реагиравте и се возбудивте пред некој ден, се сеќавате нели???”, прашува Мирчевски кој вели дека е жално е што морам да констатирам дека за вас ( како колектив ) не постои правен егалитет, па за одредени медиумски работници и јутјубери поставувате „светски рекорд“.
,,Тоа е апсолутно за поздрав и така треба да биде, за професионалното и мега брзо решавање на тој случај кој го нема ниту во Северна Кореја, па за 48 часа Лазаров и Латас добиваат обвинение…но пак за вашиот , според моите сомневања, пулен, кој се одѕива на прекарот Саше Политико, и неговиот „компањон“ од Прилеп, извесен Рубин Иваноски, гледам дека сте и „аутистични“, вели Мирчевски кој го прашува премиерот Ковачевски дали за него за е нормално ваков ксенофобичен речник да биде толериран?
,,Што треба да направам па лицето да биде сместено во некоја установа, соодветна за вакво поведение?
Можете ли барем за момент да се ставите во моја позиција и позицијата на моите колеги и колешки кои се нарекувани со најпогрдни зборови кои само болен ум може да ги смисли – дали вие би биле и „глуви и слепи“ за ваков ксенофоничен вокабулар кој сериозно ме загрижува и дали би реагирале исто како јас?
Зарем би дозволиле постојана канонада од ксенофобични пораки, тешки неосоновани клевети и лаги”, прашува Мирчевски и најавува дека доколку денеска Ковачевски не постапи по ниту една кривична претставка која е доставена во вашиот „сајбер крајм“ центарот при МВР за овие две лица, тој ќе го преиспита регуларното функционирање на компанијата со која раководам – Канал 5 ТВ.
,,Дополнително од утре ќе почнам да ги известувам странските дипломатски претставништва за, според моите сомневања – само сериозни сомневања ,ова „диригирано“ неизвршување и непостапување по кривичните поднесоци.
Премиере, јас се чувствувам крајно загрижено за сопствената безбедност, но и безбедноста на вработените во Канал 5 ТВ.
Очекувам од вас уште вечерва соодветна реакција по моите/нашите поднесоци!”, пишува Мирчевски до Ковачевски.
Сопствениците на порталите Мактел и Народен Глас кои важат за блиски на СДСМ со денови упатуваат грозоморни напади врз новинарите на Канал 5.






