На фотографијата е амбасадорот Цеков со претседателот Пендровски во посета на трето лице.
Во еден од најголемите скандали во македонската дипломатија со години амбасадорот Горан Цеков со указ е повлечен од амбасадата на Македонија во Токио, Јапонија, брифираат извори во Министерството за надворешни работи за expres.mk.
На Горан Цеков, после завршувањето на дисциплинската постапка во МНР, дадени му се 5 дена да отпатува од Токио за да го одјави службениот стан и да си организира транспорт на покуќнината до Скопје.
Скандалот се случи откако бил пријавен од две жени кои соработувале со него во амбасадата во Токио.
Случајот прв го објави expres.mk на први јуни а потоа претседателот на комисијата за надворешна политика Антонијо Милошоски објави детали за скандалот со поплаки за мобинг и сексуално вознемирување, поднесени од една македонска дипломатка, и од јапонска државјанка која повремено работела на културни проекти во македонската амбасада.
Повеќе детали
Му пресуди сексуално вознемирување, македонски амбасадор добил 5 дена да се врати дома






