По санкциите: Нафтата и гасот поскапеа над 20% за една недела

Нафтата денеска достигна цена од 120 долари за барел, што е за 22% повисока во однос на минатата недела, додека цените на се останато, од природен гас до алуминиум достигнаа „плафон“ по новите западни санкции кон Русија.



Цената на алуминиумот, бакарот и никелот се искачи на највисоко ниво досега, бидејќи новите санкции кон Русија поради нејзината инвазија врз Украина може дополнително да го нарушат протокот на стоки од еден од најголемите светски производители.

Русија испорачува околу 30 проценти од европскиот увоз на гас и сочинува 11 проценти од светското производство на нафта. Цената на гасот во Европа утринава порасна на повеќе од 2. 279 долари за 1.000 кубни метри, покажуваат податоците на лондонската берза.

Вкупниот раст на цената на гасот достигна 22,5 отсто.

Зголемувањето на цените на суровините ја зголеми загриженоста за потенцијалната стагфлација, кога зголемената инфлација и стагнираното производство ја нарушуваат економијата и создаваат простор за зголемена невработеност. РСЕ