Последен развој на настаните на Косово каде вечерва околу 20 часот имало пукање меѓу Србите на северот од Косово и косовската полиција по што српската армија е распоредена на границата со Косово.
Според весникот Коха косовските сили биле нападнати од српски вооружени групи, спроед други медиуми имало и напад врз сили на КФОР од Летонија што е негирано од српска страна.
Според Ратне Новости косовските полицајци се обиделе да заземат полициска станица кај Зубин Поток по што добиле отпор од локалното население.
„Ситуацијата бара присуство на српската армија долж административната линија“ изјави вечерва началникот на Генералштабот на Армијата на Србија кој изјави дека „Српската армија добила прецизни задачи“ од претседателот Вучиќ.
Вучиќ вечерва одржал средба со Ана Брнабиќ, српската премиерка и раководството на војската.
„Само што завршив состанок со врховниот командант и темата беше Косово и Метохија. Не можам да ви кажам за деталите од нашата средба. Важно е дека сум на Пат сега и се движам кон Рашка. Задачите што ги доби војската на Србија се јасни и ќе бидат исполнети. Ситуацијата е комплицирана“, изјави Милан Мојсилович, началник на ГШ на српската армија кој наведува дека српската армија добила „јасни задачи“ од претседателот Вучиќ.
„Ситуацијата бара присуство на српската војска долж линијата на административната граница“, рече началникот на Генералштабот на српската армија.
Според видеата кои се објавуваат на социјалните мрежи вечерва на Косово се води мала војна.
Пет земји на НАТО: САД, Британија, Германија, Италија и Франција бараат итно одстранување на српските барикади.






