Американскиот претседател Џо Бајден разговараше со францускиот колега Емануел Макрон во неделата за „трупањето“ на руските војници на границата со Украина.
„Лидерите разговараа за тековните дипломатски и застрашувачки напори како одговор на тековното воено засилување на Русија долж границите на Украина и ја потврдија својата поддршка за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина“, се вели во соопштението на Белата куќа во неделата.
Емануел Макрон денеска во Москва ќе се сретне со неговиот руски колега Владимир Путин, а утре во Киев со неговиот украински колега Володимир Зеленски како дел од дипломатските напори за смирување на руско-украинските тензии.
Последната средба меѓу Макрон и Путин беше во летото 2019 година, кога францускиот претседател го покани својот руски колега да го посети во летната резиденција Брегансон на југот на Франција.






